По најавите на прилепските музичари дека доколку не им се дозволи да настапуваат под посебни протоколи, ќе го блокираат превојот „Плетвар, се обрати министерот за здравство д-р Венко Филипче и им порача да почекаат и да имаат разбирање, бидејќи новите соеви на вирусот се лесно пренеслови и рестрикции се најмногу потреби во овој момент.
„Оваа криза подразбира да сите имаат разбирање. Ги сфаќам групите на граѓани на кој е оставен лош траг на нивниот работен процес. Но нагласувам дека е време за рестрикции. Со музика и концерти на мали простори, трансмисијата на вирусот е поголема. Не размислуваме да има попуштање на рестриктивните мерки, напротив ке има и затегнување, кога ќе се почне и во текот на следната недела. Главна причина е не почитување на мерките и тоа што соевите на вирусот кој се лесно преносливи“, изјави министерот.