Во општина Богданци денеска ќе биде промовирана новата инвестиција ветерен парк. Ветерната електрана од 30 мегавати е со вредност од над 40 милиони евра.
Со изградбата ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија од АД ЕЛЕМ од околу 3%. Македонија има обврски кон Европска Унија за исполнување на целите за 20% производство од обновливи извори во енергетскиот биланс, цел која е поставена и поддржана од сите релевантни институции во Македонија. Предвидени се и заштеди на емисијата на CO2 од околу 35.000 t годишно.
Во рамки на втората фаза од овој проект предвидено е поставување 6 турбини во ветерниот парк Богданци со инсталирана моќност од 13,8 MW. На овој начин ќе се искористи ветрот како обновлив извор на енергија преку изградба на ветерни електрани, со цел постигнување дополнително годишно производство од 37 GWh природно одржлива енергија.