Тешко повреден малолетник по пад од четирицикл

Еден малолетник е повреден откако паднал од четрицикл на кој се возеле со својот другар.

„На 16.03.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Дебреште, од мопед „атв“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник, на коловозот паднал сопатникот – малолетник. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи