Здружение за заштита на работнички права со барање до Филипче: Враќање на системот на ротација, воведување на сменско работење во државните институции

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Го повикуваме министерот за здравство, Венко Филипче да формира работна комисија која во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе ја контролираат работата на државните институции и почитување на препораките и одлуките, велат од Здружението за заштита на работничките права.

Бројот на заразени од пандемијата со коронавирусот секојдневно е во пораст, но и покрај ваквите статистички параметри државните институции не ја почитуваат одлуката на Владата за организација на работните процеси со цел обезбедување работни услови во кои ќе биде заштитено здравјето на вработените, реагира Здружението за заштита на работничките права. Од таму велат дека е зголемен бројот на пријави, и вработени во државната управа кои говорат за несоодветни услови за работи, групирање во мал работен простор и необезбедување на заштитна опрема. Сите овие услови се спротивни на препораките за заштита на здравјето и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Информациите говорат дека секојдневно расте бројот на позитивни случаи во државната управа. Ова се должи не грубото непостапување согласно со здравствените прописи од страна на носителите на јавни функции. Ги повикуваме сите носители на јавни функции, именувани и избрани директори итно и неодложно да преземат мерки за заштита на здравјето на вработените во организациите/институциите со кои тие раководат. Воедно, потсетуваме дека непостапувањето по оваа одлука на Владата преставува свесно загрозување на здравјето на граѓаните и кршење на законите, здравствените прописи и протоколи и истото повлекува материјална и кривична одговорност“, се вели во соопштението.

Здружението ги повикува сите вработени преку синдикалните организации, но и индивидуално да ги искористат сите механизми кои се ставени на располагање во насока на обезбедување на нивните здравствени и работничи права. Задача и обврска на синдикалните организации е да ги штитат правата на вработените и мора веднаш да се изборат за подобри услови за работа и заштита на здравјето.

„Апелираме до Инспекцискиот совет, односно до Државниот пазарен инспекторат да излезе на терен и да утврди кршење на здравствените прописи и одлуки и да донесе соодветни мерки со кои ќе се санкционираат функционерите кои постапуваат спротивно на здравствените прописи.  Го повикуваме министерот за здравство, Венко Филипче да формира работна комисија која во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе ја контролираат работата на државните институции и почитување на препораките и одлуките.  Здравјето на граѓаните е најважно и итно мора да се обезбедат услови за работа. Во таа насока неопходно е враќање на системот на ротација, воведување на сменско работење, намалување на бројот на вработени во една просторија, обезбедување на услови за работа од дома, одржување на хигиена и обезбедување средства за здравствен заштита“, велат од Здружението за заштита на работничките права.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи