ВМРО-ДПМНЕ: Сцени како од хорор филм во прилепската болница

 

Загрижени граѓани ни испратија слики од прилепската болница кои покажуваат во каква состојба истата се наоѓа. Што се случува? Ќе одговори ли некој или менаџментот ќе продолжи да спие? Велат во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Прилеп турка црни рекорди како по бројот на заразени, така и по бројот на починати. Медицинскиот персонал, доктори и сестри се преморени во оваа битка со ковид и мака мачат со последни сили да го заштитат здравјето на граѓаните, а некој воопшто не се грижи за ништо! Го повикуваме надлежниот инспекторат да утврди дали се постапува согласно Правилник за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад. Здравјето на граѓаните мора да е на прво место!“, се вели во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи