Учеството во пописот е задолжително. За поттикнување бојкот ќе има кривично гонење, а оние кои ќе одбијат да се попишат ќе се казнуваат прекршочно со парични казни до 300 евра, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на попладневната прес-конференција.
Уште еднаш денеска од Владата на Македонија стигна пораката дека одложувањето на пописот не е опција и тој ќе се спроведе од 1 до 21 април.
„Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите и тука не треба да постои никаква дилема, граѓаните ќе бидат заштитени. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно по сите стандард“, рече Арсовски.