Една од опциите која се разгледува како можност за да се осигура дека парите кои граѓаните од ранливите категории ќе ги добијат ќе ги наменат за подмирување на фактурите за електрична или топлинска енергија се субвенции за електрична енергија во форма на ваучери за граѓаните.
Втората опција е субвенционираните средства да завршат директно кај снабдувачот на електрична енергија со што на крај би се намалила сметката, која треба да ја платат граѓаните од оваа категорија.
„Проширувањето на опфат на ранливите категории кои ќе добиваат субвенции за подмирување на сметките за електрична енергија е приоритет на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Таргетирани се домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се анализира да се направи правичен модел кој подразбира дека тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субвенција од државата. Домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кошничка ќе добиваат најголема субвенција. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, износот ќе се намалува и мерката ќе важи само за ранливите категории “, истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во Студио 10 на ТВ24.