Од 22.00 часот синоќа до 05.00 часот изутринава констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, мерката за носење лична заштита на лице, не ја почитувале 365 лица.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.