Македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР поради Гарванлиев

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Софија очекува Скопје да го брани правото на секој граѓанин на слободно самоопределување. Ова е став на бугарското Министерство за надворешни работи по повод, како што се наведува, честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во РС Македонија.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски на разговор во Министерството за надворешни работи. На состанокот присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа Ива Крулева.

„Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев. Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци