Тутунарите бараат државата да им исплати по уште 26 денари од килограм и 90 денари субвенција за сите класи

 

Новоформираните 4 тутунски здруженија „Жолто тутунско злато“, „Тутунари земјоделци“, „Тутунарска мака“ и „Тутунски земјоделци“ денеска упатија писмо до премиерот Зоран Заев во кое бараат државата да ја надполни разликата во откупната цена на тутунот. Според нив просечната била 159 денари, а требало според ветувањата да достигне од 180 до 185 денари.

„На средбите кои тогаш ги одржувавме јас запрашав, што ако не дојде до таа цена, за која уверуваше и смируваше премиерот, а за која образложив дека според нашите проценки нема ни приближно да се достигне тој просек, одговорот беше доколку се појави пониска цена од таа, владата ќе најде начин и форма да ја исплати разликата до оваа цена. Ако се знае податокот дека според ИСЕТ системот на министерството просечната цена достигна 159 денари. Ние како тутунски здруженија бараме премиерот да си држи до зборот оваа разлика од 26 денари да ни се исплати линеарно на сите. Исто во писмото споменавме за одлуката на владата која ја донесе за тутунарите да влезат во 5-тиот КОВИД пакет со симболична поддршка ја поздравуваме, но и апелираме веднаш Собранието да ја гласа и средствата што поскоро да се распределат на тутунарите. И на крај побаравме од премиерот да ја подржи идејата за субвенција од 90 денари по сите класи за да се излезе на пресрет на ниската откупна цена во минатата реколта како и барањето кое пред извесен период и го упативме на владата да организира јавна трибина со сите релевантни чинители во тутунската индустрија а вклучувајки ја тука и науката каде отворено ќе се разговара за проблемите со тутунопроизводството“, вели Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци