ВИДЕО- Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји приозводители на тутун

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Македонија покрај на Европската од пред неколку денови стана и полноправна членка на Светската организација на земјите членки за производство на тутун. Во моментов Македонија била на второ место во светот по производство на тутун, веднаш зад Турција. Според Сојузот на тутунски здруженија секоја година на светско ниво недостасувале по околу 30 милиони килограми, што била шанса за државава, а членството во овие организации им овозможувало можност да лобираат за поголемо производство, наспроти строгите правила на СЗО за ова култура.


„Тутунот во моментот, не само кај нас овде, туку секаде во светот е најдоходовна култура за производство. Значи и UNITAB и ITG ние како членки сме застанати на браникот да го заштитиме производството на ароматичниот и крупнолистниот тутун“, рече Кире Ристески, претседател на Соуз на тутунски здруженија.

Оваа година тутунот кај нас бил со далеку подобар квалитет за разлика од лани, но од договорените 31 милион килограми со откупувачите, од Сојузот на тутунски здруженија годинава очекуваат реколтата да тежи околу 26 милиони килограми. Причина било сушниот период и невременето кое ги погоди Прилеп и Долнени. Дали ќе има зголемување на веќе договорените цени со анекс договори, било неизвесно.

„За цените ние како Сојуз се договараме сеуште, не се дефинирани овие цени, ние ќе бараме поткревање на цените, се до почетокот на откупот ќе бараме поткревање. Со тоа да им дадеме дознаење на откупувачите дека треба да ги коригираат цените, за да можат да купуваат во класи. Ако не извршат корекција на цената, тогаш условот е дека ќе мора да го купуваат само во прва класа. Ние како Сојуз, а веројатно и производителите на тутун нема да дозволат да го платат годинашниот род поевтино од лани“, додаде Ристески.

Инаку тутунарите бараат 510 денари за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа, а во моментов цените се 435 за прва, 370 за втора и 305 за трета класа. Се надеваат дека ситуцијата ќе се смени со анекс на договорите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци