Општина Прилеп со најмногу издадени концесии за експлоатација на минерални суровини

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од експлоатацијата на минерални суровини, Македонија во 2019 година наплатила 8.2 милиони евра, односно, за користење на површина, околу 800.000 евра и за количината на експлоатираната суровина 7.4 милиони евра, објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кои забележаа дека концесија за користење минерални суровини имаат добиено вкупно 264 фирми.

Оттаму посочуваат дека се издадени 358 вакви концесии, додека површината на земјата која е опфатена со овие концесии изнесува 349 километри квадратни, што претставува 1.4% од вкупната територија на државата.

„Вкупно се експлоатираат 50-тина видови минерални суровини. Најмногу концесии се издадени за експлоатирање на варовник, 110, за вода, 47 и за песок и чакал 43 концесии. Територијално, најмногу концесии се издадени за експлоатација на суровини на територијата на општина Прилеп, вкупно 32. Следат општина Гостивар со 21 концесија, Струга со 18 концесии и Сопиште со 15 концесии“, стои во соопштението на ЦГК.

Повеќе околу истражувањето може да се погледне на следниов ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира