60% од невработените млади досега ќе беа во странство да не беше корона кризата, државата без јасна стратегија за младите


Во ова издание на Инфо Регион разговараме со Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА, чиј што главен фокус на работа веќе со години се младите во Македонија. Спопред Илиески државата нема доволно јасна стратегија за младите и не се превземаат мерки кои се соодветни на потребите на младиот човек. Субвенциите кои ги добија младите и ваучерите за на одмор за време на корона кризата воопшто не им помогнале буквално во ништо.

Според Илиески утре да се отворат границите, 60% од невработените млади ќе заминат во странство. Тоа било така поради тоа што 30 години системот кај нас е непроменет и на младите им дошло преку глава буквално од се. Ако пред 10 години приоритет за да останат тука било само да се вработат, сега ниту вработувањето не може да го запре иселувањето, едноставно младите само сакаат да заминат, разочарувањето кај нив било огромно.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи