A68 – најголемата санта мраз на светот повеќе ја нема. А68 покриваше област од приближно 6.000 квадратни километри кога се одвои од Антарктикот во 2017 година и беше со големина на Велс.
Меѓутоа, сега сателитските снимки покажуваат дека оваа масивна санта повеќе го нема, односно дека е разбиена на помали делови за кои што американскиот Национален центар за податоци за мраз вели дека повеќе не е вредно ниту да се следат, пренесува „BBC“.
А68 се одвои од ледената област Ларсон на работ од антарктичкиот полуостров и една година воглавно мируваше, меѓутоа потоа почна да плови кон север и да забрзува поради јаките струи и ветрови.
Тежок милијарда тони, сантата се движела кон Јужна Џорџија, британската островска територија во јужен Атлантик, а таму поголем дел од неа се истопил.
In 2018 and 2019 we tried to reach the birthplace of #iceberg #A68! Heavy sea ice defeated us. After eventually working its way northwards over the last 2 years the mega-berg is no more, just a floating collection of icy mush. It was nice knowing you A68! #Antarctica pic.twitter.com/4rsGYWJMyf
— Huw Griffiths (@griffiths_huw) April 18, 2021