Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.
Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист“, е едномоторен „ТБМ Авенџер“ кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него.
„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден“, изјавија организаторите на аеромитингот.
„Пилотот во последен момент ги избегна капачите кои беа во морето. Потоа излезе од авионот, изгледаше добро“, изјави сведок.
„ТБМ Авенџер“ е американски торпеден бомбардер направен за американската морнарица и маринци. Во служба стапи во 1942-ра година, а пилотите кои управувале со ваквиот тип на авион учествувале во битката кај Мидвеј која се водела помеѓу американската и јапонската морнарица.