Не се вистина вчерашните тврдења на премиерот Заев дека е откупен целиот тутун од минатата реколта. Останати се уште околу 1 милион килограми во повеќе региони од Македонија. Не се исплатени нииту субвенциите, ниту парите од 5-тиот ковид пакет. Со овој став денеска излегоа од новоформиираните тутунарски здруженија кои иистакнаа дека премиерот не го исполнил ниту ветувањето дека тутунот ќе добие просечна цена од 185 денари за килограм.
„169 денари, значи собрано 159 денари и 10 денари од ковид пакетот, неможат да бидат 185 денари, она што вие ни го ветивте на нашата средба на 24.12.2020 година“, изјави Игор Мирчески, коордиинатор на новоформираните тутунарски здруженија.
Го демантираат и тврдењето на премиерот дека Владата ја откупила 4-тата класа.
„4 класа отсекогаш се откупува во Македонија. Но е вистиина дека вишокот на тутун кој се откупи во продолжениот рок се откупи нависитина во 4-та класа. Значи тој тутун ни под разно не беше на квалитет само на 4-та класа. Во тој тутун имаше квалитет од сите класи. Се откупи по просечна цена од 65 до 90 денари“, додаде Мирчески.
Се пожалија и на тоа дека започнато е со засадување на тутунот од новата реколата, но дека ја садат на вересија, биидејќи немаат добиено пари за субвенциите.