Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на својот Фејсбук профил сподели информација за асфалтирањето на патот до манастирот Св. Архангел Михаил во должина од 240 метри. Воедно, тој ја честита денешната слава Голем Петок на жителите на населбата Варош.
„Со новиот асфалт, значително се подобрува неговата пристапност, како за варошани и за останатите граѓани на Прилеп, така и за големиот број туристи кои во голем број го посетуваат манастирот „Св.Архангел Михаил“. Нека е за многу години утрешниот ден Голем Петок“, објави Јованоски.