Традиционална 3-то ноемвриска средба на пензионерите од Тризла

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3-ти Ноември, секоја година пензионерите од населбата „Тризла“ организираат традиционална средба на која се дружат помеѓу себе, се забавуваат, разговараат, се потсетуваат на својата младост и на таков начин полесно ги поминуваат деновите од т.н. трето доба.

 

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска присуствуваше на средбата и на пензионерите им вети идна засилена соработка со Општина Прилеп.

 

Јованоски истакна дека локалната самоуправа е отворена за сите идеи и сугестии на пензионерите и потенцираше дека во иднина сите нивни приоритети и проблеми ќе бидат заеднички решавани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира