Вчера се вакцинирале над 12 илјади граѓани, вкупно околу 220 илјади вакцинирани граѓани


Во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12.352 дози вакцини, од кои 10.179 граѓани примиле прва доза вакцина. Заклучно со податоците од вчера, од сите вакцинални пунктови во државата вкупниот број на вакцинирани граѓани изнесува речиси 220 илјади, односно аплицирани се 219.977 дози вакцини.

Од вкупниот број, 33.831 граѓанин веќе имаат и ревакцина, додека останатите 186.146 граѓани примиле само прва доза.

Од министерството за здравство информираат дека со последните бројки, 43% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи