Се сруши карпата „Дарвинова порта“ на Галапагос


Една од најпознатите карпести структури на островите Галапагос „Дарвиновата порта“ се сруши во морето.

Реонот кој е заштитен од УНЕСКО, „Дарвиновата порта“е именувана според англискиот биолог Чарлс Дарвин и е создадена од природен камен, а структурата се смета за една од најубавите места за нуркање во архипелагот на Тихиот Океан, кој е дел од Еквадор. Ова се смета за локацијата која ја инспирирала Дарвиновата теорија за еволуцијата.

Сликите споделени од Министерството за животна средина за Еквадор откриваат дека лакот е сведен на само два карпести столба, а горниот дел целосно паднал. Според изјавата на министерството, врвот паднал како „последица на природната ерозија“.

Една од локалните туристички агенции кои организира екскурзии ширум светот на социјалните мрежи објавила дека една од туристичките групи го засведочила инцидентот.

„За жал денес, нашите гости на Галапагос доживеаја настан кој се гледа само еднаш во животот. Утрово во 11:20 часот по локално време, светски познатата „Дарвинова порта“ се сруши пред нивните очи. Сега остануваат само два столба“, стои во објавата на туристичката агенција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи