Во Европа никнува облакодер со највисокиот видиковец во светот


Шкотската компанија „Кетл колектив“ објавила дека во Санкт Петербург во Русија ќе го гради највисокиот облакодер на светот, а воедно и највисок во Европа, со име „Лахта центар 2“ .

Заводливиот облакодер висок 703 метри, ќе биде 125 метри понизок од моментално највисокиот во светот Бурџ Калифа во Дубаи.

Но, за разлика од Бурџ Халифа чиј видиковец се наоѓа на 148-от кат на висина од 555 метри, видиковецот во новиот облакодер треба да биде исто така највисок на светот, поставен на висина од 590 метри.

„Лахта центар 2“ ќе се наоѓа на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот облакодер „Лахта центар“, кој е седиште на енергетската компанија „Гаспром“ и со своите 462 метри, највисока зграда во Европа во моментот.

Целиот облакодер ќе има вкупно 150 катови, а ќе опфаќа и станбен и работен простор, како и место за опуштање.

Според зборовите на архитектот Тони Кетле, овој облакодер ќе стане пример за одржлив дизајн за идните проекти од глобалните висококатници. Инаку, Тони е еден од архитектите кој бил вклучен во проектирањето на првиот „Лахта“ центар во Санк Петербург.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи