Прашањето за името може да се затвори во 2018 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Силен оптимизам во соседна Грција за брзо решение на спорот за името. Шефот на грчката дипломатија за Катимерини вели дека очекува долгогодишниот проблем меѓу двете земји да заврши со договор во првата половина од идната година.

 

„Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година. 2019та нема да биде добра година за справување со прашања од слична природа, бидејќи ние ќе сме среде изборни кампањи, а такви проблеми треба да се решаваат во релаксирана атмосфера“, вели Коѕијас коментирајќи дека истата година претседателски избори треба да се одржат и во Македонија.

 

 

Кон крајот на ноември се очекува и иницијатива на медијаторот Метју Нимиц за името на Македонија, со цел двете земји да се договорат, да се повлече грчкото вето и Македонија да стане членка на НАТО на Самитот на Алијансата во јули следната година.

 

„Големата победа на коалицијата предводена од Зоран Заев на локалните избори во Македонија донесе оптимизам во меѓународната заедница за решение на спорот, додека грчката Влада очекува потези на ’добра волја’ од соседната земја, како што се преименување на скопскиот аеродром ’Александар Велики’ или отстранување на споменици и статуи кои поттикнуваат иредентизам“, пишува грчкиот весник „Реал Њуз“.

 

Деновиве, премиерот Зоран Заев потврди дека до крајот на месецов ќе започнат првите средби со посредникот на ООН за името, Метју Нимиц, додека вицепремиерот Бујар Османи рече дека наскоро владата ќе започне со промена на имињата на стратешките точки кои предизвикаа револт во соседна Грција.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи