Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце цел ден, знае колку е непријатно тоа, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето.
Без разлика дали имате клима-уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само 10 секунди.
Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата. Потоа, отворајте ја и затворајте ја вратата на возачот. На тој начин, жешкиот воздух ќе излезе од автомобилот бидејќи создавате вентилатор.
Ако имате кожни седишта, добро ќе биде да ставите престилки или било што од памук.
Кога го оставате автомобилот на паркинг, свртете го воланот настрана, па така горниот дел што го држите во почетна позиција додека возите, ќе остане поладен.
Она што може да помогне за да не се загрева многу автомобилот е да ставите алуминиумска заштита на внатрешноста на ветробранското стакло. Тоа ги одбива сончевите зраци, па контролната табла и воланот нема да бидат толку жешки.