Седмиот најбогат човек во светот, Ворен Бафет даде оставка од Фондацијата Гејтс


Милијардерот Ворен Бафет изјави дека дава оставка од местото повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Вкупниот износ на неговите донации сега вреди околу 100 милијарди долари.

Од 2006 година, Бафет донираше повеќе од 41,5 милијарди долари во акции на Беркшир, од кои 32,7 милијарди долари на Фондацијата Гејтс.

Ако не донираше Бафет голем дел од своето богатство, тогаш неговото богатство ќе беше приближно еднакво на она на Џеф Безос, основачот на Амазон и најбогатата личност на светот според списанието Форбс.

Минатата година Бафет објави дека ги донирал своите акции во Беркшир во вредност од над две милијарди долари на Фондацијата Гејтс, како дел од неговиот претходно објавен план да го донира целото свое богатство пред неговата смрт, додава британската агенција, пренесе Танјуг.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи