Велосипедската амбасада на Данска објави податоци за тоа какво превозно средство користат данските ученици до училиште.
38% од данските ученици одат со велосипед на училиште;
35 % одат пеш;
9% користат скутери, скејтборди или ролери;
7% користат велосипед од родителите;
4% го користат јавниот транспорт;
7% користат кола (приватна или такси).
„Да одат децата самостојно и независно до училиште пеш или со велосипед не е неодговорно. Неодговорно е градските лидери да не обезбедат средина, доволно безбедна за децата да одат сами до училиште“ – порачуваат од Велосипедската амбасада.
Велосипедизмот е исклучително важен во Данска бидејќи се смета за одржливо урбано средство за превоз. Последните анализи покажуваат дека повеќе од 97% од данците се задоволни од условите за возење велосипед.