„Starlink“ ќе обезбеди глобална интернет покриеност од септември 2021, испорачка на интернет за целиот свет


Сателитската мрежа „Starlink“, која е сопственост на „SpaceX“, е подготвена да обезбеди глобална интернет покриеност во септември оваа година, откако во орбитата ќе се најдат над 1800 интернет сателити. Иако ова е помалку од планираните 12.000 сателити за во иднина, претседателката Гвини Шотвел вели дека ќе има доволно за вселенскиот интернет да го покрие целиот свет.

Во моментот Starlink се наоѓа во бета фаза во неколку земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Канада, но познато е дека сервирот веќе има регистрирано подружници во многу држави како Австрија, Австралија, Аргентина, Бразил, Франција, Чиле, Колумбија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Мексико, Холандија, Ноз Зеланд, Филипини, Јужноафриканска Република и во Шпанија.

Не е познато дали во блиска иднина планираат да отворат подружница на Балканот и во Македонија.

„Starlink“ не е единствената компанија што работи на оваа проблематика. „Amazon“ развива своја сателитска мрежа „Kuiper“, слични проекти имаат британскиот „OneWeb“ и американскиот „Raytheon“, кој работи на неговата сателитска мрежа „Blue Canyon Technologies“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи