Списанието „Монокл“ во изданието за јули/август 2021 го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген за најубав град за живеење за 2021.
„Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции“, вели главниот уредник на „Монокл“, Ендрју Так.
По Копенхаген на листата се најдоа:
Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес.