Македонскиот претставник на годинешната Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје.
После отворањето, ќе следуваат говори од активисти, а потоа и музичка програма.
Парадата ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк. Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
„Како уметници мора да сме неутрални во секоја сфера. Ја имаме таа одговорност да бидеме глас за сите оние кои немаат глас. Од тоа не се плашам, ме бодри и ми дава надеж. Ако успеам да направам чекор кој на младите генерации да живеат слободно без да се плашат да направат чекор и да бидат тоа што се, тогаш јас сум среќен. Годинава слоганот на Парадата е „Вон ѕидовите“, вели Гарванлиев.