Наши гости во ова издание на емисијата Инфо Регион се дел од членовите на секцијата по физика во СОУ Ѓорче Петров, Христина Микулек и Дино Попоски, како и нивниот ментор професорот Сашо Кочоски.
Повод за ова гостување се големиот број нивни иновации, како и последните награди кои ги освоија на државниот натпревар Наука на Млади кој оваа година се одржа по 57 пат во организација на Народна техника на Македонија а подржан од Министерството за образование. Натпреварот поради пандемијата се одржа онлајн, а наградите беа доделени во Ресен.
Дино Попоски го освои третото место во дисциплината применета физика со проектот „Електричен Генератор“, а Христина Микулек исто така го освои третото место, но во дисциплината „Обновливи извори на енергија“ со проектот „Соларна Велосипедска Патека“.
Микулек и Попоски ги објаснуваат своите иновации, како и своите идни планови на полето на иноваторството, а додека со професорот Кочоски разговараме за тоа како толку успешно функционира секцијата по физика во едно медицинско училиште и плус тоа таа да биде една од најактивните во Македонија.
Повеќе околу младите иноватори во Прилеп погледнете во интервјуто.