Светскиот шампиот во јадење на хот-дози Џои Честнат, или попознат како „Кралот на хот-дозите“ успеа да изеде неверојатни 76 сендвичи за 10 минути.
Ова е негова 14 титула во последните 15 години, а оваа година Честнат изел дури 26 сендвичи повеќе од второпласираниот Џефри Еспер, а воедно и го подобрил сопствениот рекорд јадејќи 1 хот-дог повеќе за разлика од натпреварот лани.
„Чувството беше добро. Дури и да ми беше непријатно, сите што ме охрабруваа и навиваа, ме натераа да се чувствувам добро“, изјавил Честнат за американските медиуми.
Во конкуренција за жени победи наставничката Мишел Леско (37) од Аризона, која изеде 30 хот-дози. Сепак, таа беше далеку под светскиот рекорд кај жените, поставен од Мики Судо минатата година со 48 виршли изедени за десет минути.
Инаку натпреварот секоја година се одржува во чест на 4 јули, Ден на независноста на САД. Првиот натпревар од ваков вид се одржал на 4 јули 1916 година, кога четворица имигранти се натпреварувале да покажат колку се патриоти, јадејќи виршли на штандот на „Nathan’s“ на Кони Ајленд. Натпреварот започнал да се снима од 1972 година.