Наскоро отворање на првиот хотел во вселената – гостите ќе можат да видат 16 изгрејсонца во 1 ден

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Дали сакате да видете 16 изгрејсонцa за еден ден? Дали сакате да лебдите во нулта гравитација? Следната година за астрономски 9,5 милиони долари, се тврди дека можете.

Првата туристичка агенција којашто нуди услуги и аранжмани надвор од нашата планета се наоѓа во Обединетото Кралство.

Rocket Breaks е туристичка агенција отворена во Лондон, а која на идните патници им нуди комплетна услуга, вклучително организирање и координирање на летови, сместувања и аранжмани, како и програма за престој во вселената.

Развиена од американскиот старт-ап со вселенска технологија Орион Спан, целосно модуларната вселенска станица ќе биде домаќин на шест лица истовремено, вклучувајќи и двајца членови на екипажот, за 12-дневни патувања во вселената.

Ричард Брансон треба да го направи својот прв лет на крајот на 2021 година. Доколку се утврди успехот на неговото патување, луксузниот хотел „Аурора“ во вселената треба да започне со работа веќе во 2022 година.

Пакетот вклучува патување во вселената, бестежинска состојба и шанса за престој во Aurora Station, првиот луксузен хотел наменет за вселенски туризам. Од хотелот туристите ќе можат да го гледаат изгрејсонцето 16 пати на ден, како и да уживаат во целосната перспектива на планетата, пишува Euronews.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира