Седум мобилни екипи ќе ја спроведуваат теренската вакцинација во Прилепско

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Теренската вакцинација во прилепскиот регион започна со 7 мобилни екипи кои почнаа да го вакцинираат населението во селата во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Како што истакна Кети Смилеска, директор на Прилепската болница со општа надлежност, од седумте екипи, три се за прилепските населени места, а по две во Кривогаштанско и Долненско.

„Имаме екипа во Тополчани и за соседните населени места, во Кривогаштани, па Ропотово, Долненско и се посетуваат селата. Во трите општини, екипите треба да отидат во над 110 населени места. Ќе се работи цела недела и во сабота“, вели Смилеска.

Процесот на вакцинација непречено се одвива на регионалниот пункт во Прилеп. Од денеска и без закажан термин, кој што е заинтересиран може да се вакцинира. Инаку, досега во Прилеп се вакцинирани 19 683 граѓани.

„Денеска може да се вакцинираат и тие без термини, само треба да понесат документ за идентификација. Има интерес. Од досега дадените 19 683 дози, со прва се вакцинирани 13 974 граѓани, а со втора доза 5 709“, додаде Смилеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци