Бугарите имаат најмала минимална плата во ЕУ, само 332 евра


Лицата кои примаат минимална плата во Бугарија можат да си дозволат да купат најмалку лебови во споредба со оние кои имаат минимална плата во другите земји-членки на ЕУ. Тоа го покажува анализата подготвена од Институтот за социјално и синдикално истражување.

Во конкретни бројки, податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија, работникот може да купи 583 лебови од 500 грама. Работникот со минимална плата во Франција може да купи 1.095 лебови од 500 грама, во Германија – 1.232, во Шпанија – 1.120. Слична е состојбата и со другите стоки – компири, сирење, вода.

Минималната плата (МП) е минимална цена на пазарот на трудот што деловните субјекти мора да ја плаќаат.

Во Бугарија, минималната плата е најниска во споредба со сите други земји на ЕУ.

Минималната плата во Бугарија во 2021 година изнесува 332 евра, најниска во ЕУ. За споредба, минималната плата во Холандија е 1.684 евра, во Франција 1.554 евра, во Германија 1.614 евра, итн. Дури и во Хрватска, која влезе во ЕУ подоцна од Бугарија, минималната плата е поголема – 562 евра.
Извор: Пари.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи