Филипче: Во есенските месеци ќе препорачаме посета на масовни настани само со вакцинален сертификат

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Mинистерот за здравство Венко Филипче порача дека е потребна масовна имунизација на населението, а доколку не се постигне такво нешто, тогаш ќе мора да се размислува за ограничување на движењето на невакцинираните лица.

„Опаѓа интересот на граѓаните да закажуваат термини за вакцинација, па затоа ние веднаш почнавме да спроведуваме теренска вакцинација. Во светот се појавуваат нови мутации на коронавирусот и потребна е масовна имунизација на населението. Свесни сме дека можеби интересот нема да се зголеми во следните неколку месеци, па затоа размислуваме за воведување некаква форма на рестрикција. На пример, вакцинален сертификат да мора да се приложи на сите настани со масовно присуство на отворено или на затворено. Тоа значи дека невакцинираните лица нема да можат да влезат на некој културен или спортски настан каде што присуствуваат повеќе луѓе“, рече Филипче.

Тој кажа дека активно се спроведува вакцинација во сите вакцинални пунктови, во салите се одвива ревакцинација, а пак во здравствените домови се спроведува вакцинацијата без закажување, како и теренската вакцинација, со која се олеснува пристапот до вакцините на жителите од руралните места.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира