Осумнаесет нови случаи на Ковид-19 во Македонија


Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 18 нови случаи на Ковид-19: 11 случаи во Скопје, 6 во Тетово и 1 случај во Свети Николе.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти: oд Скопје – 3 и по 1 од Битола, Струмица , Кичево и Берово.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.798 тестови.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207“, стои во соопштението на МЗ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи