277 велосипедисти настрадале во сообраќајни незгоди минатата година


Според статистичките податоци на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) изминатата  2020 година, на ниво на цела држава, 277 велосипедисти настрадале во сообраќајни незгоди.

Најголем дел од нив, или 209 велосипедисти, за среќа поминале со полесни повреди, 63 поминале со тешки повреди и за жал, петмина го загубиле животот, од кои четворица биле повозрасни.

„Најчесто возачите не ги почитуваат велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, па често пати преземаат дејствија со кои ја загрозуваат нивната безбедност, како неправилно престигнување, свртување во десно без да се води сметка за велосипедистите, паркирање на велосипедска патека, итн. Но, и самите велосипедисти често ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, возат ноќе неосветлени, возат во спротивна насока, заобиколуваат на семафор, затоа што не сакаат да го чекаат зеленото светло, поминуваат со велосипедот на пешачки премин, а не ја носат ниту потребната заштитна опрема“, објаснуваат од РСБСП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи