ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Денеска беше отворена излозжбата „19“ од уметницата Христина Зафировска. Ја отвори м-р Билјана Галоска.
„Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот,кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизираваријациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиачудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот.Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој штозаслужено можеда се категоризира како дел од модернатаапстрактна уметност.

