Во Прилеп вакцинирани барем со 1 доза 30,3% од населението, еве каква е статистиката за Македонија


Министерството за здравство објави податоци за опфатот на вакцинација против ковид-19 во земјава. Според нив, досега на територијата на цела држава барем една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Според МЗ, најголем процент вакцинирано население има во Кавадарци односно 43,5 отсто од жителите на оваа општина примиле барем една доза на вакцина притив ковид-19. Следни со висок процент на вакцинирани се Охрид – 42,9% и Гевгелија 41%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%;

Битола 38, 9%;

Неготино 38%;

Штип 37,2%:

Пехчево 36%;

Велес 31%;

Демир Хисар 30,9%;

Берово 30,9%;

Скопје 30,8%;

Валандово 30,6%;

Прилеп 30,3%;

Пробиштип 29,7%;

Крушево 28,3%;

Кочани 25,3%;

Свети Николе 25,2%;

Делчево 24,9%;

Виница 24,5%;

Крива Паланка 23,9%;

Радовиш 23,2%;

Струга 23,1%;

Куманово 21,2%;

Струмица 19,4%;

Кратово 18,9%;

Македонски Брод 18,2%;

Гостивар 17,8%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи