Полицијата се поднови со 8.000 пара чевли со тенок ѓон

Facebook
Twitter
Email
Print


Во магацинот на Министерството за внатрешни работи (МВР) деновиве пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производител „Гриспорт“, фабрика што ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ, соопшти денеска МВР.

Од МВР информираат преку „Гриспорт“ реализираат набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, со вредност од 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вредност од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на таа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2.330 флуоросцентни елеци, 8.000 маици, 8.000 виндјакни, 20.000 кошули…

Министерството најавува дека продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, како и со реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи