Лукаревска: „Мој ДДВ“ треба да се унапредува, поборник сум да се зголеми прагот на повратот на ДДВ

Facebook
Twitter
Email
Print


Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизијата Канал 5 истакна  дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.

„Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен“, рече Лукаревска.

Прашана дали ќе се реализираат најавите за тоа дека поврат што го добиваат граѓаните од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.400, Лукаревска посочи дека се што било ветувано во предизборието ќе се реализира, и оти е најголем поборник да се зголеми овој лимит.

„Мислам дека понатаму ќе треба оваа мерка да се унапредува. Во однос на зголемувањето на тој праг од 1.800 на 2.400 денари, секако дека самата пандемија ги измести сите ичекувања, но се она што било ветувано во предизборието, секако дека ќе биде реализирано. Јас ќе бидам најголем поборник да го зголемиме лимитот“, порача Лукаревска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи