Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации, за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје.
Дванаесет уапсени скопјани, меѓу нив и еден полицаец, а пронајдено е и големо количество на оружје, но и дрога. Ова е досегашниот епилог од полициската акција која е реализирана рано утринава во скопската населба Сингелиќ и околните населби. Акцијата е реализирана по наредба на Јавното обвинителство. Мета биле трговци на оружје.
Како што дознаваме, во некои од домовите на сега уапсените е пронајдена одредена количина на наркотици. Дилерите на дрогата и оружјето се уапсени и веќе се на распит во полициска станица. Oд МВР повеќе детали за акцијата најавија во текот на денешниот ден.