Научниците за прв пат видоа светлина на другата страна од црна дупка

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Научниците забележале светлина од другата страна на црната дупка за првпат во историјата, пренесе британски Индипендент. Ваквото откритие изгледа невозможно, со оглед на тоа дека црните дупки „вшмукуваат“ се што ќе им се приближи, вклучително и светлината.

Откритието се појавило откако научниците ги испитале Х-зраците кои во вселената ги исфрлила супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на друга галаксија, оддалечена на околу 800 милиони светлосни години, при што некои од зраците изгледале како одраз од другата страна на црната дупка.

Астрофизичарот на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, Ден Вилкинс забележал дека Х-зраците делувале дека се насочени кон другата страна на црната дупка.

„Која било светлина што влегува во црна дупка не излегува, затоа не би требало да може да видиме ништо зад црната дупка“, изјавил Вилкинс.

Тој појаснил дека Х-зраците биле видливи бидејќи црната дупка ги искривува светлината и магнетните полиња околу себе.

Откривањето светлина од другата страна на црна дупка е можно според Теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн, но тоа не било забележано досега.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира