Пожарот кој е започнат во 13:10 часот на ден 02.08.2021 година во атарот на во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица, општина Прилеп е се уште активен.
На ден 04.08.2021 година околу 04:00 часот испратена е екипа од 10 пожарниакри со 2 теренски возила од ТППЕ Прилеп да интервенира на истиот. Командирот на ТППЕ Прилеп изјавил дека побараната помош од армијата во текот на вчерашниот ден, до овој момент не е потребна, но со командантот на касарната е договорено војската да биде припремна и на готовс, доколку има потреба ќе бидат активирани.
На терен од 06:00 часот е присутна и екипа од 6 вработени од ЈП Македонски Шуми „Црн Бор“ Прилеп. Пожарот во нискиот дел е под контрола со слаб интензитет а гори во високиот дел каде е непристапен теренот.
Нема опасност за населението и објекти од населените места. Према проценката, до овој момент нема потреба од дополнителна помош.