Во Прилепско денеска се активни два големи пожара информираат од ТППЕ Прилеп.
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с. Ракле – с. Никодин – с. Топлица е активен на еден крак према Рудникот Козјак и еден крак према високиот дел с. Крстец – с. Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и лисната постилка. На потегот с. Крстец – с. Никодин гори нискостеблеста дабова шума.
Под контрола е кракот према с. Топлица, кракот према Црквата и викенд куќите во с. Ракле. На кракот од Магистралниот пат Прилеп – Градско, гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума.
Интервенираат 17 војници на АРСМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП возила.
Од ноќните часови на ден 04/05.08.2021 година започнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (опш. Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка на површина од 0.5 ха. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в. Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.
Интервенираат 13 војници на АРМС, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.