Поминаа неколку денови од нашето укажување за скандалозниот избор на нов командир на ПС-ОН-Прилеп, меѓутоа од СДСМ до ден денес ни трага ни глас по однос на ова прашање. Се вели во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Дали овој нивни молк се должи можеби на некаква внатрепартиската борба и разединетост на членството помеѓу повеќе структури? За потсетување, беше свикана итна онлајн седница, на која беше потврден фамозниот акт за избор на командир и тоа во брзање, непосредно пред Талат Џафери да ги распише локалните избори.
Единствено градоначалникот Илија Јованоски, по укажување на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, покажа разум и реши да постапи во интерес на законот кога со решение го запре објавувањето на Решението за избор на командир, донесено од мнозинството во Советот.
Прашање е зошто мнозинството во Советот предводено од СДСМ и коалицијата, не го прифати решението на градоначалникот и со тоа постапи спротивно на неговата волја?
Дали ваквото дејствување на Советот спротивно на волјата на Илија Јованоски, се должи можеби на некаква внатрепартиска битка околу кандидатурата за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ?
Се ближи крајот на времето кога партиската агенда и партиските насоки ќе бидат побитни од законските регулативи. Законот треба да важи и ќе важи за сите. Следува време на одговорност, за сите оние кои се огрешиле пред законот“, се вели во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.