<
Општина Крушево стана првата општина во Р.Северна Македонија која го доби Сертификатот од Европската Комисија за Туризам и Трговија за безбедна, чиста Ковид слободна дестинација.
„Крушево е сертифицирана безбедна Ковид 19 дестинација!
Наша најголема туристичка промоција ќе биде безбедноста на туристите. Крушево со процесот на сертификација се поставува како меѓународно препознатлива „Covid 19 free“ дестинација!
Нашето признание им припаѓа на мојот тим, но и на сите наши партнери од приватниот сектор во Крушево кои дадоа свој придонес, за една поинаква, поубава и поуспешна приказна за нашето Крушево.
Крушево се гради, променува и станува посакувана, препознатлива туристичка дестинација во меѓународни рамки!“, рече градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.