Словенија одлучи да изврши ротација на противпожарните екипи кои се пратени во државава да помогнат при гасењето на шумските пожари.
Дома се враќаат 45-те пожарникари кои цела недела се борат со шумските пожари, а во Македонија ќе пристигне нов тим од 52 лица, односно 43 пожарникари и 9 припадници на цивилната заштита, кои веднаш по пристигнувањето во државава ќе се упатат кон Берово.
Инаку, како што објавуваат медиумите во Словенија, специјалните возила за гасење пожари остануваат во Македонија, а се менува само тимот.
„Ситуацијата во Северна Македонија и натаму е сериозна. Гори практично на местото каде што отиде словенечкиот тим. Ветровите постојано го менуваат правецот, а влажноста на воздухот е мала, со што се овозможува ширење на пожарите“, изјави Јанез Бордон, шеф на вториот словенечки тим.
Пожарот е се уште активен, а неговото ширење може да се спречи само со голем број пожарникари и други сили на теренот. Со своите активности, словенските пожарникари со сигурност досега спасиле 3 села да бидат проголтани со огнените јазици.