Вработените во компанијата Гугл би можеле да се соочат со намалување на платата ако се одлучат за постојана работа од дома поради пандемијата од коронавирусот, јавува Ројтерс.
Агенцијата имала увид во пресметувањето на платата на компанијата. Според алатката на „Гугл“ за пресметка на платите, која овозможува вработените да ги видат ефектите на селењето, се сугерира дека вработените кои работат од дома, особено оние кои патуваат далеку би можеле да имаат намалување на платите.
Компаниите„Фејсбук“ и „Твитер“ веќе ги намалија платите на вработените според ова.
Вработен во Гугл кој обично патувал во канцеларија во Сиетл од блиската област, иако работи со полно работно време од дома, најверојатно ќе се соочи со намалување на платата од околу 10 %.
Вработениот сепак одлучил да продолжи да оди во канцеларија – и покрај двочасовното патување на работа.