Средбата на преговарачите за името Адамантиос Василакис и Васко Наумоски која претходно беше најавена од премиерот Зоран Заев дека ќе се одржи следната недела со посредникот МетјуНимиц во Њујорк е одложена, потврдија за МИА дипломатски извори вклучени во процесот на разговори.
На средбата се очекуваше медијаторот Нимиц да даде нов предлог за решавање на деценискиот спор за грчкиот проблем со македонското уставно име, a причините за одложувањето на средбата засега не се посочуваат.
Според информациите, средбата најверојатно ќе се одржи до крајот на годината, односно во декември.
Претходно, премиерот Заев најави дека прашањето за решавање на спорот за името добива на актуелност во земјава, а Македонија и Грција покажуваат поголема одлучност во подготвеноста за конечно решение.