Промовиран каталог со проекти од млади, да биде дел од предизборните програми

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Вчера, 12.08.2021, на Меѓународниот ден на младите во центарот на Крушево се презентираше каталог со проекти произлезени од млади и посветени на млади. Проектите наведени во документот се произлезени од две фокус групи, една работилница и спроведен „онлајн“ прашалник, а на настанот беа поканети политичките партии со цел предлозите да ги имплементираат во предизборните програми за локалните избори.
Имплементаторот на иницијативата „Од млади за млади“ Сотир Габелоски изрази задоволство што градоначалникот на Крушево, соведници и претставници на две политички партии присуствуваа на настанот.
„Драго ми е што покрај младите и други граѓани на Крушево го посетија штандот во центарот на Крушево и се информираа за она што сработивме со младите и добија по една копија од каталогот со проекти. Се радувам што дел од настанот беа советниците од СДСМ, советник од ДУИ, градоначалникот и секретарот на СДСМ. Сега останува заедно со младите да лобираме што повеќе предлози на младите да влезат во предизборните програми за локалните избори. Има благодарам на сите, над 70 млади од градот и населените места кои се вклучија во активностите на проектот“, изјави Габелоски.
Иницијативата „Од млади за млади“ е дел од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира